Делегација на Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради порастот на цената на електричната енергија од 1 септември годинава привремено прекинаа со процесот на производство.

Од Стопанската комора посочуваат дека во двата рудника има вкупно 674 директно вработени и се едни од најголемите работодавци во регионот кои придонесуваат за одржливиот економски и социјален развој на општините Конче, Штип и Радовиш.

– Во следниот период претставници на Стопанската комора ќе ги посетуваат компаниите коишто се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза, велат од Комората.

За посетата на рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, од Комората најавуваат соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2022 09:38