Продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво во август се пониски за 0.1 %, а на годишно ниво се повисоки за 15.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во август 2022, во споредба со јули 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.4 %, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0.4 %.
Во август 2022, во споредба со август лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 14.2 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 51.1 %.