Ансамблот на НУ Народен театар – Битола отпатува за полска каде на 13 октомври во градот Бјалисток, во рамки на тамошниот фестивал ќе биде изведена претставата ,,Бакхи – Краток преглед на распадот” во режија на Игор Вук Торбица.
Во претставата главната улога ја толкува Маја Андоновска Илијевски, а настапуваат и Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, Викторија Степановска – Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска.
На фестивалот учествуваат театри од Ерменија, Литванија, Украина, Полска и Грузија, посочија од секторот за односи со јавност на НУ Народен театар-Битола.