По повод државниот празник 11 октомври денеска во Заводот за заштита на споменици (ЗЗС) и Музеј на град Штип беше изложено оружје, кое се користело во Втората светска војна.

Директорот на ЗЗС и Музеј на град Штип, Митко Штерјов вели дека на изложбата можеше да се забележи дел од оружјето и опремата кое подолг временски период стоела во депоата.

– Денес ние како НУ Завод и музеј Штип успеавме да направиме една изложба со која сакавме да го претставиме оружјето кое било користено во Втората светска војна, а се тоа во чест на празникот 11 октомври. Сета оваа опрема која е изложена денеска долго време беше во депоата на Завој и музеј Штип и на овој ден одлучивме да прикажеме дел од оној арсенал, од целото оружје и опрема која ја имавме во установата, вели Штерјов.

До крајот на годината НУ Завод и музеј Штип треба да реализираат уште неколку проекти. Започнуваат конзерваторските работи на локалитетот „Била Зора” во Свети Николе со цел комплетно реалзирање на проектот. Според Штерјов, ќе се работи уште еден месец до негово целосно завршување.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2022 15:30