Денеска во 14.40 часот на ул.„Филип Втори“ во Велес, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода лицето С.А.(56) од с.Студеничани, скопско.
За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје со која се барал за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.