Здружението за култура, уметност и негување на културни вредности СКАРДУС-АРМАКЕДОН од Тетово ќе го објави документарниот филм „Тајните на полошкиот Ерусалим“ на интернет. Од утре до петок (11-14 октомври) ќе емитуваат по еден дел на нивниот Јутјуб-канал.

Докуменарниот филм лани во декември беше ексклузивно претставен пред јавноста во духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешок. Филмот е снимен по повод два значајни јубилеја – 700 години од обновувањето на Стар Манастир и 250 години од раѓањето на Кирил Пејчиновиќ.

-Насловот „Тајните на полошкиот Ерусалим“ го означува сето она кое го носи самото ова место, сите раскажани и нераскажани вистини за Стар Манастир, за монументалната вредност на црквата „Пресвета Богородица“, за епопејата на манастирот „Свети Атанасиј“, Кирил Пејчиновиќ и неговиот живот, како и црквата „Свети Никола“, посочија авторите – сценаристката Милена Илиевска и режисерот Христијан Џогов, задолжен и за камера и монтажа.

Доцент д-р Марковиќ, кој е еден од говорниците во документарниот фил,м вели дека ова дело е од монументално значење не само за Тетово, туку и за цела држава.

Локациите на снимање се автентични, фактите се изнесени од врвни познавачи на овој регион, на историјата на манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ и на пишаните дела и животот на Кирил Пејчиновиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2022 16:04