В.М. од с.Соколарци – Општина Облешево вчера во 15.30 часот пријавил дека додека работел на реконструкција на локалниот пат Скопје–с.Арачиново, во дол крај патот кон селото забележал неексплодирана топовска граната.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.