Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците од општините Аеродром, Студеничани и Карпош, соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 9 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од ТЦ „Бисер“ во општината Аеродром, од 9 до 15 часот корисниците на потегот од село Алдинци до Солунска Глава во општина Студеничани, а од 10 до 14 часот дел од корисниците од ул. „Џумајска“ во општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2022 14:10