Денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на Церовски мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф”, со охридски регистарски ознаки, што го управувала М.П.(21) од Кичево и мотоцикл „сузуки”, со корејски национални ознаки, управуван од К.Ј.И.(72), државјанин на Република Кореја.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а М.П. со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2022 05:21