Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, вчера во 10:40 часот го лишиле од слобода Т.А.(34) од Свети Николе.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа денеска од МВР.