Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, денеска ќе ја посети компанијата „Булмак 2016“ Пробиштип, дел од Минстрој Холдингот, кој е концесионер на рудните наоѓалишта „Злетово“ и „Тораница“.

-Тимот од Комората ќе има средба со менаџментот на компанијата „Булмак 2016“, со цел да се запознае со работата на рудниците во услови на енергетска криза и да даде поддршка при адресирањето на мерките кои му се потребни на стопанството, информираат од Стопанската комора на Македонија.

Компанијата „Булмак 2016“, каде работат 800 лица, е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат со 20 отсто во вкупната потрошувачка на енергија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2022 10:08