На 11.10.2022 околу 17.35 часот на улица „Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 49-годишниот тетовец Н.А. за издржување затворска казна.

Нешто подоцна, околу 21.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле гостиварецот Б.Б. за издржување затворска казна.

Двете лица биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2022 10:45