Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, утрово во 09.55 часот на ул.„Славеј Планина“ во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Е.А. (44).

За него, како што информира МВР, била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје со која се барал за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2022 11:17