Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, ноќеска во 00:50 часот во Струмица, го лишиле од слобода струмичанецот Р. Б. (33).
Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со амфетамин и марихуана. Р. Б. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.