„Ајварко, кифи и мистер хармбургер е драмскиот текст на Огнен Неделковски кој ја свои првата награда на конкурсот за драмски текстови за деца, распишан од страна на Центатот за култура „Ацо Шопов” -Штип. Гоце Ристовски член на жирото истакна дека од пристигнати 11 драмски текстови за деца, наградениот текст изобилува со иронија, хумор и сатира, а е наменет за најмладата популација.
-На крајот се издвоија неколку меѓу кои за победник на конкурсот е прогласен ракописот „Ајвар,кифи и мистер хамбургер“ под шифра Лутеница. Во него покрај соодветната грижа да биде наменет за најмладата популација, авторот водел грижа и за драмската поставеност, репликите и седиштата на дејствието, зашто текстот ќе биде преточен во театарска претстава за деца и млади и ќе биде поставен на сцена. Овој драмски текст изобилува со иронија, хумор и сатира и тоа е негов голем квалитет кој веруваме дека на претставата ќе и обезбеди привлечност и гледаност, вели Ристовски.
На конкурсот пристигнаа квалитетни ракопси согласни се членовите на комисијата кои истакнаа дека со ова се збогатува литературата за деца. Пристигнатите текстови се со свои придобивки и мании. Најголемиот дел од нив се пишувани за читање, а не за поставување на сцена, но и покрај тоа богатството на темите се квалитети што ја потврдуваат успешноста на самиот конкурс.
-Во најдобар дел се повикуваат на митот како појдовна основа на препознатливи ликови, како на пример, цареви, принцези, змејови итн., обликувајќи ги според современите стандарди, тематски и стилски и со примена на фантастиката, трансформираат успешно неживи нешта во ефектни живи ликови и разрешуваат конфликтни ситуации, додаде Ристовски.
За самиот автор овој конкурс претставувал вистински предизвик, но чест и задоволство преставува за него што е прогласен за најдобар.Победникот доби награда во вредност од 1.000 евра.