Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе одржи прес-конференција по повод објавувањето на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.
Како што информираат од Министерството за култура, прес-конференцијата ќе се одржи во Медија центарот во Владата на Република Македонија.