Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе ги посети компаниите „Еуроникел“ (поранешен ФЕНИ), „Кожувчанка“ и „Металопромет-Струмица“.

Целта на посетата, како што се наведува во најавата, е Комората да даде поддршка на компаниите кои се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза.

Стопанската комора информира дека деновиве е во интензивни разговори со своите членки, со цел во јавноста да ги реафирмира нивните барања за ублажување на последиците од кризата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2022 09:37