Со соодветно учење, надзор и дисциплина, повеќето раси кучиња се прекрасни миленичиња. Но, некои раси се попредизвикувачки од останатите и не се најсоодветниот избор за семејства со мали деца. Станува збор за кучиња кои бараат повеќе тренирање, време и внимание, па затоа не се препорачуваат за помалку искусни сопственици.

1. Ротвајлер

Тоа е прекрасно, моќно животно, но може да реагира негативно, па дури и да нападне дете ако, на пр., детето вика и бега. Кучето може инстинктивно да истрча по детето бидејќи во неговата природа, во генетскиот код е да трча по плен, а уште поголем проблем е што тешко се запира.

2. Сибирски хаски

Овие кучиња по природа се разиграни и многу енергични. Може да бидат пријателски расположени, но поради специфичните потреби, интелигенција и целосен недостаток на чуварски инстинкти, не е препорачливо да живеат во близина на деца. Оваа раса, исто така, може да предизвика и алергии кај децата.

3. Доберман

Тоа е многу интелигентна, силна раса чии членови се одлични чувари. Имаат силен заштитен инстинкт што ќе ги натера туѓинците да размислат пред да им пријдат или да им наштетат на нивните сопственици. Сепак, поради нивната склоност да бидат крајно тврдоглави и поради нивната огромна енергија, доберманите не се за семејства со мали деца, како и за неискусни сопственици на куче. 4. Џек Расел териер

Како мало куче кое сака да копа и лае, и Џек Расел териерот не е раса погодна за секој дом. Тие имаат многу изразена самоволја, поради што бараат цврста и доследна обука. Се одликува со природа на куче-чувар, поради што може да биде многу љубоморен на своето подрачје и може ненадејно да реагира на непознато лице, куче или некоја околност која не му е позната.

Поголемите деца подобро ќе знаат како да „ја ценат“ интелигенцијата на кучето, но малите деца може само да го направат раздразливо



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2022 14:12