На 11.10.2022 во 17.22 часот во Полициска станица Бит Пазар, Р.Р.(24) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица, од кои едно од нив употребило остар предмет.
Подоцна, околу 22.40 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.Р., затоа што агресивно се однесувал и упатувал навреди кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.