Во галеријата Грал во Скопје вечерва од 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Стефани Хаџи Николова.
На изложбата ќе бидат претставени 30 најнови дела од циклусот „Феникс“ што е воедно и наслов на изложбата.
Годинава таа беше учесник на три меѓународни ликовни колонии во Србија, Косово и Бугарија.