Македонскиот народен театар (МНТ) со монодрамата „Последната лента на Крап“, во изведба, режија и продукција на актерот Ѓорѓи Јолевски денеска ќе учествува на 10. Бечејски фестивал на монодрамата „Би:фемон“ во Бечеј во Србија.

Како што се најавува, во фестивалската програма ќе учествуваат седум монодрами од Србија, Унгарија, Хрватска и од Македонија, а програмата ќе трае од 12 до 15 октомври.

„Последната лента на Крап“ во изминатиот период учествуваше и во офф-програмата на 19. ИФАД „Стоби“, гостувањето на јубилејните 30. денови на Св. Кирил и Методиј, во Мак донскиот културен центар во Крањ во Словенија, како и на фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб во Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2022 08:53