Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 119 мерки, меѓу кои 13 за минување на црвено светло, осум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за нерегистрирани возила.
МВР соопшти дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.