Трибина на тема „Македонските книжевни списанија пред новите предизвици“ ќе се одржи денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.
Целта е да отвори дел од прашањата со кои се соочуваат актуелните специјализирани списанија: вреднување на авторскиот труд, изнаоѓање модели на одржливост, дистрибуција, достапност до публиката, преводните текстови и нивна промоција, третман на актуелните книжевни настани, продолжување на традицијата и следење на современите текови, дигитализирање и е-изданија.
Средбата, како што е најавено, ќе почне со посета на Одделот за периодика, каде меѓу другото се чуваат и првите броеви од сите списанија од земјава.
Трибината се организира во соработка со библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија.