Денеска во 09.30 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи и ЕВР Аеродром и Драчево – Одделение за криминалистички работи го лишиле од слобода Ф.К.(31) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница со наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.