Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски присуствуваше на отворањето на клубот на моторџии „Ангели чувари” во Автокоманда.

За настанот градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Гази Баба доби мото клуб “Ангели чувари”.

Имав чест да присуствувам на отворањето на новиот клуб на моторџии кој се отвори во Автокоманда. Среќен сум што на територија на нашата општина започна да функционира еден ваков клуб чија цел е едукација, промоција и афирмација на мото културата.

Од страна на основачите на клубот ми беше доделена благодарница за поддршката која им ја дадовме во изминатиот период.

Им честитам на младите дечки Александар, Диме, Благоја, Тоше и сите останати за жарот, енергијата и посветеноста која ја вложија во отворањето на овој клуб.

Општина Гази Баба и јас како градоначалник сме подготвени за воспоставување на соработка и реализација на заеднички проекти.

Нека е со среќа отворањето на клубот, да реди успеси и да функционира со години. - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2022 04:48