Во просториите на Советот на Општина Аеродром се одржа првата конститутивна седница на која беше формиран Локален совет за превенција на Општина Аеродром. Основна и примарна цел на советот е преземање активности и креирање политики за подигнување на јавната безбедност на жителите на Општина Аеродром.

На првиот конститутивен состанок на советот присуствуваше градоначалникот Тимчо Муцунски, како и претставници од Министерството за внатрешни работи-ПС Аеродром, Министерство за транспорт и врски, Дирекција за заштита и спасување и Воена академија.

На состанокот беше нагласена потребата од континуирано преземање мерки и активност за подигнување на безбедноста во Општината, како и лоцирање и изнаоѓање решенија за најважните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Аеродром.

Локалниот совет за безбедност преставува тело каде ќе се предлагаат и дискутираат активност за подобрување на безбедноста на граѓаните во Аеродром. Тој е од огромно значење за жителите на општината и има пред се превентивна улога.

Креирање на безбедни средини за живеење е еден од приоритети на општинската администрација и иднина планирано е учество во ова тело со свои предлози и сугестии да учествуваат и граѓаните на Општина Аеродром



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2022 05:24