Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, вечерва во 20 часот, во кафе-барот „Филхармонија“, ќе ја врачи наградата „Роман на годината“ за 2021 година.

Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021).

Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а наградата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2022 09:13