На територија на Град Скопје во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот се изречени вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, за возење без возачка дозвола 40 мерки и 18 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, информираа денеска од МВР, а осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 12 мерки за возач почетник, седум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење сигурносен појас.