Во рамки на „Октомвриски филмски салон“, утре во Кинотека ќе се прикажува филмот „Брод со Бисери“ – македонски документарен филм на режисерот Александар Зиков и сценаристката и главниот лик во оваа авантуристичка доку-драма Регина Икономовска. Проекција на филмот ќе се одржи и на 19 и 21 октомври.
Како што соопшти сценаристката Икономовска, филмот е иновативен, авантуристичка доку-драма, хибрид од документарен и игран.
Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм, со логистика од Турција за снимањата во Истанбул и општина Бујукчекмеџе. Преставува мост помеѓу две култури и ја обработува темата љубов која инспирира на големи светски дела кои денес се културно наследство. Приказните се преплетуваат, а патувањето има и внатрешно патување на главната личност која исто така на крајот создава сопствено дело, книгата „Брод со Бисери“, што значи филмот има „приказна во приказната“.
Досега филмот посетил три фестивали – Ода во Тетово, Балкан Панорама во Измир и Златна рамка во Скопје.
Исто така, во рамки на фестивалот, утревечер ќе се одржи и филмот „Копилот“ во режија на Ана Зохра Берашед. Во четврток, 20 октомври, во Кинотека ќе бидат прикажани филмовите „Ема“ и „Превртено“, а во петок, 21 октомври, „Трн“ и „Прво па женско 10“.