Дел од корисниците од улицата „Миле Поп Јорданов“ во општина Карпош утре од 11 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Пролет“, „Светозар Марковиќ“, „Истарска“, „Битолска“ и „Мирче Ацев“ во општина Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2022 14:58