ЕСМ има законска обврска да потпише договори со своите потрошувачи бидејќи повеќе не е БЕГ снабдување туку е ЕСМ снабдување, и овој проблем е веќе надминат, посочи вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

-Договорите потрошувачите во наредниот период ќе ги добијат и во сметките кои ќе им бидат испратени на почетокот на ноември за октомври. Таму каде што постои можност ќе се испратат тие договори и по и-меил, така да тој проблем е сега целосно надминат. Да не се прави дополнително гужва на пунктовите. И претходно кога БЕГ снабдување ја превземал дејноста потпишал договори со граѓаните и нема никаква опасност дека некој граѓанин ќе биде исклучен, посочи Бислимоски во гостувањето на ТВ Сител.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2022 05:25