Денеска во 02:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А. Ј. (25) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата 24-годишна сопруга и нејзината 50-годишна мајка.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.