Прекин во водоснабдување денеска од 8 часот ќе имаат корисниците од селата Батинци и Љубош во Општина Студеничани.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф-200 милиметри во непосредна близина на пумпната станица во Драчево.

Исто така, утре од 9 часот прекин во водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Периша Савелиќ“ и „Тодор Александров“, Општина Центар.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2022 09:23