Во Француски институт во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на фотографии „Јас сум професор по француски! Која е твојата супер моќ?“ на фотографот Каролина Димовска.
Каролина Димовска е дипломирана професорка по француски јазик и работи како наставничка во основно училиште. Таа воедно има и своја страст: фотографијата. По нејзиниот престој во Франција во 2007 година во Центарот за фотографија во Орлеан, во текот на изминативе петнаесетина години, таа учествува на неколку колективни и индивидуални изложби во Македонија.
– Фотографијата е долго патување, потрага по себеси и по сублиматот во себе, вели таа во нејзината биографија.