Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ќе ја посети компанијата „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ во Битола.

Како што информираат од неговиот кабинет, Битиќи по посетата ќе даде изјава за медиуми.

„Кромберг и Шуберт“ произведува комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија. Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили како што се Фолксваген, БМВ, Ауди, Мерцес, Шкода.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2022 09:51