Во Уметничката галерија во Куманово вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Визуелна хармонизација на природното богатство/ Harmonizim vizuel i pasurisë natyrore/Visual harmonization of natural wealth“ на академскиот уметник Мухамет Идризи.

-На изложбата ќе бидат прикажани 16 ликовни дела, слики. За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде поставена до крај на месец, најави кустосот, историчар на уметност, Драгана Спасковска.

Изложбата е дел од програмските активности на НУ Музеј – Куманово.

Мухамет Идризи е роден е 1986 година во Куманово. Дипломирал на Државниот Универзитет во Тетово, отсек сликарство, во класата на професор Иљиријан Беќири во 2009 година. Магистерските студии ги завршил на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на професор Јован Шумковски во 2019 година, насока – сликарство.Од 2010 година работи како наставник во основно училиште во Липково.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2022 10:11