Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 61 возач. Од нив, 16 на територијата на СВР Тетово, 14 на територија на СВР Битола.
При контролата санкционирани се и 153 други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.