Во организација на Општина Велес и Здружението на граѓани „Папрадишки мајстори“ од денеска до 24 октомври во Спомен куќата на Касапови четворица автори од Македонија ќе изработуваат скулптури.
Вајарската работилница за посетителите е отворена секој ден од 12 до 19 часот, а овие скулптури во претстојниот период ќе бидат претставени пред велешката публика.