Уметникот Павле Кузманоски од Тетово вечер ќе ги претстави своите дела на нова самостојна ликовна изложба. Ќе бидат изложени пастели на тема „Девојки и сведоци“, а ќе има промоција и на неговата монографија „Урбани пејсажи“.

-Промотори се Климе Коробар и академик Витомир Митевски,со пригоден настап на Ибуш Ибраимоски. Отворањето на изложбата е закажана со почетокот во 18 часот и 30 минути во салата на Управната зграда на Музејот на тетовски крај, поранешен Дом на АРМ во Тетово, информираат од Музејот.

Кузмановски е роден во Тетово во 1939 година. Во 1966 година дипломирал на Академијата за рименети уметности во Белград, Србија. Неговото ателје се наоѓа во родното Тетово каде поседува огромна колекција на уметнички слики.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2022 09:25