Во Културно информативниот центар – Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на слики од Верица Димеска со наслов „Noise“.
-Шумот во комуникациите настанат од безброј (контрадикторни) информации во медиумот/медиумите, кој Димеска го пренесува во колористички попартистички манир (универзалната симболика на емоците, зборови и пиксели), комбиниран со експресионистички графизам, од своја страна, е симболичен приказ на Бодријаровите симулакруми и симулации и престојот во хиперреалност, односно на мотивите и ефектите во еден виртуелен реализам, при што автентичноста на реалниот свет исчезнува во однос на симулакрумните светови, информираат од КИЦ – Скопје.
Верица Димеска е родена во 1968 во Скопје. Во 1991 година дипломирала на ФЛУ-Скопје, педагогија и сликарство, а во 2001 година завршила магистерска студија по ликовна уметност на Холандскиот уметнички институт. Таа денеска живее и работи во Скопје, и е член на ДЛУМ. Димеска учествувала на повеќе групни изложби вклучително во земјава, во Холандија, Мексико, Хрватска, Србија, Турција.
Изложбата ќе биде отворена до 1 ноември 2022 година.