На 19.10.2022 полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судски наредби, привеле две лица кои се барале за издржување на затворска казна.

Имено, околу 11.40 часот во гостиварско Врапчиште, го привеле 41-годишниот С.Б. од гостиварски Добридол, а околу 22.45 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар го привеле 28-годишниот гостиварец В.Ф..

Двете лица биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2022 11:47