Општина Илинден во соработка со ЈП „Македонски железници и инфраструктура“ , го реконструираше коловозот на патниот и железнички премин Дељадровци – Мршевци.

Коловозот е реконструиран со елементи од рециклирана гума, според највисоки стандарди кои овозможуваат лесно и безбедно поминување на железничката пруга.

Реконструкцијата заврши во предвидениот рок и е прва од вкупно трите патни премини кои се реконструираат во Општина Илинден.

Започна и реконструкцијата на патниот железнички премин Миладиновци – Бујковци, кој во моментот е затворен за употреба се до целосно завршување на работите.

Општина Илинден по завршувањето на реконструкцијата на патниот железнички премин во Миладиновци, ќе отпочне и со реконструкција на преминот Илинден.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2022 13:59