АД ЕСМ вчера целосно ги задоволила потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи од сопствените капацитети, соопшти владината прес-служба.
Податоците од Диспечерскиот извештај на АД ЕСМ за вчера покажуваат дека се произведени вкупно 11.868 MWh електрична енергија од кои во термоелектраните произведени се 7.626 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.242 MWh.