Сојузот на синдикатите на Македонија известуваат дека платата на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје” денеска е исплатена и со тоа борбата на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на РМ (СРСВМ) со Синдикалната организација во ЈСП и ССМ го дале својот резултат, при тоа нагласувајќи дека се оградуваат „од политичките игри на поединци со паркираните автобуси пред Владата”.

– Нема да дозволиме синдикалната и работничката борба за работничките права некој да ја злоупотребува во политички цели и игри и од тие причини како што и веќе информиравме, синдикатите не стојат зад организираната блокада пред Владата, која според синдикатите е одраз на политичка борба во која нема дозволиме да бидат вовлечени работниците, се вели во соопштението на ССМ.

Од Сојузот, исто така, додаваат дека возачите веќе возат и дека ниту во текот на изминатите два дена, ниту денес не учествуваат во она што некој сака да го презентира како протест пред Владата.

Претседателот на синдикатот при ЈСП, Миќо Стојановски претходно денеска во изјава за МИА потврди дека вработените во преѕтпријатието ги добиле платите на своите сметки и дека јавниот градски превоз продолжува да функционира нормално.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2022 17:54