Во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, синоќа почна дводневната меѓународна манифестација „Балкан Фест“-Куманово 2022, на која учествуваат држави од регионот.
Организатор и домаќин на фестивалот е културно-уметничкто друштво „Бајрам Шабани“ – Куманово кој го реализира настанот со поддршка од Општината и Министерството за култура. На сцената овие два дена настапуваат културно-уметнички ансамбли од повеќе балкански земји „Соко“, Србија, „Ѓурѓевданско коло“ Црна Гора, „Лилјан“ Босна и Херцеговина, „Kastriotet“, ” Agimi“, „Gjilani“, Косово, „Mati“ и народен ансамбл за песни и игри – Албанија, „Pasa Halk Danslari Toplulugu“, Турција и „Џељадин Зеќири“ од државава.
Организаторите ги поканија кумановци да го проследат фестивалот и да уживаат во играта и музиката на балканските народи.
Претставници од локалната власт ги примија гостите и претставниците на невладини организации од градовите Текирдак и Бурса од Турција, во рамките на дводневната манифестација „Балкан Фест“-Куманово 2022.