Националната установа – Центар за култура „Бели мугри” од Кочани денеска организира завршен концерт на Фолклорниот ансамбл „Мугри“ и Оркестарот за изворни народни песни и ора при оваа национална установа.

Концертот ќе се одржи на летната сцена во 17 часот. Покрај домаќините, на концертот пред кочанци ќе настапат и фолклорните ансамбли „Јанко Глигоров“ при Дом на култура „Крсте Мисирков“ од Свети Николе, „Велигденски цветови“ од село Јаргулица Радовиш, КУД „Коле Неделковски“ од Велес и Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2022 10:06