Косовскиот сликар Фехми Хоџа пред љубителите на ликовната уметност во Гостивар го претстави последниот циклус „Космос“. Изложбата беше отвoрена синоќа во галеријата „Култ“ и ќе трае до средината на ноември.
Хоџа во Гостивар изложи 26 дела изработени во комбинирана техника кои се дел од неговиот творечки опус во изминативе две години.
– Со циклусот „Космос“ авторот сака побегне од реалноста и да покаже дека во светот- космосот има место за сите, без разлика кој од каде е, кој јазик го зборува и каква религија има. Доволно е да ја следиш својата среќна звезда и да бидеш оригинален, кажа Рефки Голопени, куратор на изложбата.
На овој косовски ликовен уметник ова му е 35 самостојна изложба.