На 21.10.2022 во 02.35 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле З.Ј.(31) од радовишко село, затоа што во дворот од семејната куќа се однесувал агресивно и се обидел физички да ја нападне неговата сопруга.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.