Магазинот Космополитен направил едно мало истражување што е она што мажите би го избрале пред сексот. Еве што одговориле испитаните:

Спиење

Речиси ниту еден маж никогаш не рекол „не благодарам“ . Но, доколку сте ја поминале ноќта во учење или сте работеле две смени, тогаш знаете дека понекогаш не е возможно да ги задржите очите отворени, па дури иако понудата за секс е точно пред вас. И доколку тогаш не дојде до секс, секогаш постои шанса за утрински секс.

Мастурбација

Да бидеме искрени: Сексот бара напор и фокусирање на партнерот. Тоа се многу обврски. Некогаш е поедноставно сами „да ја завршите работата“ и да легнете да спиете. Не е гламурозно, ниту секси, но понекогаш оргазмот и не мора да биде таков.

Јадење

Сексот е физички напор, а кога стомакот е празен, тоа воопшто не е добро. Ако се гладни, мажите не се во состојба да функционираат, а парчето пица тогаш делува подеднакво примамливо како и жената која предизвикува со погледот во спалната соба.

Неограничен лимит на кредитна картичка

Прашањето за милион долари гласи: Дали мажот би прифатил неограничена сума пари под услов никогаш во животот да нема секс? Размислете за ова.

Гледање телевизија

Ова ќе се случи само кога се болни, така што неможат ниту да станат од постелата или едноставно денот им бил толку лош што не се во состојба да комуницираат со луѓето. Како и да е, и тоа се случува понекогаш.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2022 05:25