Што е разликата меѓу хотел и хостел? Хостелите се места на кои се среќаваат луѓето што бараат авантури, нови искуства, а не сакаат да се расфрлаат со пари. Нема старосни граници и сите се добредојдени.

Хостелот е еден вид сместување што најчесто е посетен од млади луѓе што со ранец на грбот патуваат каде сакаат и кога сакаат, настојувајќо количината пари со која располагаат да ја искористат така што нивниот пат ќе трае колку е можно повеќе. Токму поради ова хостелите се интересни, затоа што цените за едно ноќевање се повеќекратно помали отколку во хотели. Првата работа по што хостелите се разликуваат од хотелите е цената за едно ноќевање.

Со оглед на тоа што цената е пониска може да се каже дека хостелите располагаат со помал комфор. Тие се понеформален облик на сместување и атмосферата е воглавно опуштена. Ако хотелот има извесна доза приватност, целта на хостелите е сосема поинаква: да овозможи запознавање и дружење со младите луѓе буквално од целиот свет.

Смислата на хостелот е да ви овозможи само основни работи што се доволни за вашиот безбеден престој во градот. Затоа инфраструктурата на хостелот е таква и нуди чисто и евтино сместување во соби во кои можете да изберете помеѓу еднокреветни, двокреветни, трокреветни и четирикреветни соби, па дури и спални соби со 20 кревети!

Кога станува збор за оставањето на работите во собата, во секој хостел, постојат шкафчиња со клуч, каде можете да ги оставите вредните работи, затоа е добро со вас да имате клуч и катанец. Бањата може да се наоѓа во рамките на собата и тоа е во суштина е најдобра опција.

Покрај тоа, очекувајте и бањи што ги користат гостите од неколку соби или целиот кат. Најчесто станува збор за туш (кабини), кои се одвоени од тоалетот. Затоа, ви препорачуваме да се понесете апостолки со кои ќе можите да одите на плочки.

Помеѓу гостите во хостелите постои поголема интеракција отколку во традиционалните хотели, а голем број хостели нудат различни активности за своите гости за ниска цена или дури и за без пари. Хостелите исто така нудат различни услуги, како што се на кујна, перална, интернет пристап, попусти за разни туристички атракции итн ..

Постојат предрасуди дека хостелите се „лоши хотели“, но многумина се импресионирани од некои од нив. Хостелите се лоцирани во различни згради, без разлика дали тие се стари, релативно обновени, нови згради или простории специјално наменети за нив кои ќе ве импресионираат со нивната внатрешност. Очекувајте сè, понудата е голема, а зголемувањето на конкуренцијата доведе до тоа да се почитуваат одредени стандарди во службата и хигиена.

За разлика од идентичните, здодевни хотелски соби хостелите нудат индивидуална боја и едноставна пријателска атмосфера по ниски цени.

Единствениот проблем е тоа што за време на вашиот престој во хотел треба да видете внимателни кон другите гости.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2022 05:25